ДЕБАТА„ОЦЕНКИ ЗА ПРИСТАПНИОТ ДИЈАЛОГ НА ВИСОКО НИВО – Како досега, како отсега?"

Фондацијата отворено општество – Македонија (ФООМ) и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) на 18-ти септември организираа дебата на која беа изнесени наодите од следењето на Пристапниот дијалог на високо ниво (ПДВН) преку анализа на исполнувањето на целите и мерките од Оперативниот патоказ. Генерален заклучок на десеттината говорници од граѓански организации, кои одблиску ги следат областите опфатени со Оперативниот патоказ, е дека мерките и целите кои се содржани во Патоказот се нецелосни, недоволно амбициозно поставени, и главно на техничко ниво, без намера да понудат вистински решенија за клучните проблеми. Исто така, заклучено беше дека голем број од проблемите во реалноста, а кои пак се составен дел на петте области дефинирани во Оперативниот патоказ (слобода на изразување, владеење на право, јавна администрација, изборно законодавство и пазарна економија), не се воопшто вклучени. Невладините организации се согласија дека изостанува суштинска инклузивност на процесот, односно граѓанскиот сектор е вклучен само во две од областите и тоа слобода на изразување и избори, а за останатите три области вклучувањето е само формално, односно. на ниво на формални средби на кои се информирани за постигнувањата и напредокот во реализацијата на целите и мерките.

Тука може да ги симнете информацијата од дебатата како и тезите кои МЦЕО и ФООМ ги подготвија по повод третата рунда на ПДВН. Подолу можете да го погледнете видеото од дебатата.

Оставете Одговори

Вашата емаил адреса нема да биде објавен. Задолжителни полиња се означени *

*

Можете да ги користите овие HTML тагови и атрибути: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Powered by WordPress | Дизајнирано од: исхрана | Благодарност до Lasik, Онлајн колеџи и Оптимизација © 2011 mcet.org.mk. Сите права се задржани. A href ="http://www.seo.us.com"> Оптимизација