ОДНОСИТЕ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА- ЧЕТВРТО ПОЛУВРЕМЕ

 

Тркалезна маса за односите меѓу Македонија и Бугарија по Европскиот совет во декември 2012

 

Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) и Фондацијата отворено општество- Македонија (ФООМ) Ве покануваат на тркалезна маса за односите меѓу Македонија и Бугарија по Европскиот совет во декември 2012 со наслов: „Односите меѓу Македонија и Бугарија- ЧЕТВРТО ПОЛУВРЕМЕ“ која ќе се одржи на 06 февруари 2013 (среда) во 11 часот во ГЕМ клубот во Старата чаршија во Скопје.

Во фокусот на оваа тркалезна маса ќе бидат добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија во контекст на заклучоците на Европскиот совет во декември 2012 година. Особено ќе се стави акцент на можностите за решавање на отворените прашања преку рамката за европски интеграции имајќи го предвид историјатот на меѓусебните односи и сегашните предизвици во двете држави.

Говорници на тркалезната маса се: Димитар Бечев- Европски совет за надворешни односи- Софија; Антоанета Приматарова- Центар за либерални стратегии- Софија; Јавор Сидеров- самостоен истражувач и аналитичар- Бугарија; Љубомир Данаилов Фрчкоски- Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје; Бартоломеј Кајтази- поранешен амбасадор на РМ во Ватикан и Ирена Стефоска- Институт за национална историја- Скопје. Работни јазици на тркалезната маса ќе бидат македонски и бугарски.

Тука може да ги преземете агендата (208) и поканата (249) за настанот.



Оставете Одговори

Вашата емаил адреса нема да биде објавен. Задолжителни полиња се означени *

*

Можете да ги користите овие HTML тагови и атрибути: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Powered by WordPress | Дизајнирано од: исхрана | Благодарност до Lasik, Онлајн колеџи и Оптимизација © 2011 mcet.org.mk. Сите права се задржани. A href ="http://www.seo.us.com"> Оптимизација