Тим

Andreja_Stojkovski Андреја Стојковски – Претседател

Дипломиран правник од  Универзитетот „ Св. Кирил и Методиј“  во Скопје и магистрираше право на Европските заедници на Универзитетот „Карлос III“ во Мадрид, Шпанија. Тој го претставуваше Универзитетот „ Карлос III“ на регионалното финале во Даблин European Law Moot Court Competition во 2005/06 година и МЦЕО на Citizen’s AGORA за климатските промени во јуни 2008.

Негова специјалност е Европска Комисија и меѓународно право за животна средина ,а полето на неговите познавања се состои од: структурите на Европската Унија, правниот систем  и примена на законодавството на ЕУ, заедничка земјоделска политика, политика на проширување, спогодба за стабилизација и асоцијација, односите на Република Македонија и Европската Унија, односите на Европската Унија и други меѓународни организации.

Контакт:

Lidija_Dimova

Лидија Димова – Извршен директор

Дипломираше англиски јазик и новинарство на Универзитетот „ Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1993 ја основаше компанија за преводи „ Абакус“ Скопје. Таа е сертифициран обучувач за креирање на јавни политики од Local Government Initiative of the Open Society Institute од Будимпешта, Унгарија. Во 2008 го претстави МЦЕО на неколку конференции организирани од или во соработка на Европската Комисија и ECAS посветени на  Civil Society Facility.

Нејзинa специјалност е менаџирање на фондовите од ЕУ, а полето на нејзините познавања се состои од: регионална политика, ударни политики, политика на проширување, спогодба за стабилизација и асоцијација, односите на Република Македонија и Европската Унија, ИПА, програми на заедницата, полова еднаквост, социјални политики.

Контакт:

Ilija_Janoski Илија Јаноски – Потпретседател и член на Извршен одбор

Дипломиран електро инжењер од  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“  во Скопје и моментално е на пост-дипломски студии по меѓународна економија на Економскиот институт во Скопје. Работи во царинската управа и е Шеф на Секторот за европски интеграции. Во својата професионална кариера беше инволвиран во планирањето, развојот и имплементацијата на стратегијата за интегрирано гранично управување.

Негова специјалност e интегрираното гранично управување, а полето на неговите познавање се состои од: внатрешниот пазар, економски и монетарна унија, програми на Заедницата, соработка во полето на правдата и внатрешни работи.

контакт: 

Danica_Stanojevic Даница Џонова – Член на Извршен одбор

Дипломиран правник од Универзитетот „ Св. Кирил и Методиј“  во Скопје и магистрираше јавни политики на Pittsburgh University во Скопје. Работеше со Обдусманот на Р. Македонија, потоа и како Шеф на кабинетот на Министерството за правда. Моментално е Шеф на одделение во Министерството за правда.

Нејзини специјалности се основни права и слободи, а полето на нејзините познавања се состои од: структура на ЕУ, правниот систем  и примена на законодавството на ЕУ, соработка во полето на правдата и внатрешни работи.

Kонтакт: 


liljana_sekerinska Лилјана Шекеринска – Ѓорѓевиќ – Член на Извршен одбор

Дипломиран правник од Универзитетот „ Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Магистираше меѓународно трговско право на Georgetown University. Во својата кариери работела на реформите на правдата и јавната администрација,а има и едукативно искуство како предавач на Југо-источен Европски Универзитет во Тетово, Македонија. Моментално работи во државната канцеларија на Светската Банка во Македонија, во транспортниот сектор за државата.

Нејзина специјалност е транспортна и трговска политика на Европската Комисија, а нејзиното поле на познавања вклучува : структура на ЕУ, заедничка надворешна и безбедносна политика, правниот систем  и примена на законодавството на ЕУ, политика на проширување, соработка во полето на правдата и внатрешни работи, надворешните односи на ЕУ.

контакт: 

Goran_Nikoloski Горан Николоски -  Член на Извршен одбор

Дипломиран електро инжењер од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а потоа магистираше финансии на University of Sheffield во Солун, Грција. Моментално работи како продеукт менаџер во „T-Home“.Негова специјаност се Информатички и комуникациски технологии, а а полето на неговите познавање се состои од: структури на ЕУ, тела и институции, политика на проширување, ИПА, програми на заедницата.
 

контакт: 

Весна Василева – Член на Извршен одбор

Дипломиран економист од Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје, каде магистрираше државна помош. Работи во Тутунски Комбинат АД Скопје, како Менаџер на бизниз анализи, а претходно работеше во банка и Државната канцеларија на UNDP во Македонија.

Нејзина специјалност е политиката на компетентност во ЕУ и државна помош, а нејзиното поле на познавања опфаќа: структири на ЕУ, тела и институции, политика на проширување, Економска и монетарна Унија, Европска Централна Банка и нејзиниот систем на работа, Европска Инвестициона Банка, ИПА, програми на заедницата.

Контакт: 

Ѓорги Христов – член на Извршен одбор


Дипломиран електро инжењер од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а магистрираше Финансиски Менаџмент на Универзитетот во Шефилд, Обединетото Кралство. Работеше во македонски телеком, а потоа менаџираше со Јавното комунално претпријатие за снабдување со вода. Во последните 5 години е инволвиран во процесот на децентрализација во Република Македонија. Моментално работи како заменик тим лидер во проектот финансиран од ЕУ “Support to the Decentralization Process”.Негова специјалност е регионална и структурна политика, а полето на неговите познавање се состои од: економска и монетарна унија, принципот на субсидијарноста, енергетски политики, комитет на региони.

контакт:

 

Fani_Karanfilova-Panovska Фани Каранфилова Пановска –Член на Надзорен одбор

Дипломиран економист од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“  во Скопје и моментално е на пост-дипломски по монетарна политика. Во последната декада активно учествуваше во реформите на јавната администрација и процесот на децентрализација, а моментално е Директор на ЕУ програмата на Фондацијата Институт Отворено општество Македонија.

Нејзина специјалност е менаџирање на фондовите од ЕУ,а полето на нејзините познавања се состои од: европската интеграција, внатрешниот пазар, ИПА, регионална политика, економска и монетарна унија.

Контакт: 

Neda_Korunovska Неда Коруновска – Член на Надзорен Одбор

Дипломиран правник од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ , каде запиша пост-дипломски по Право на Европските Заедници. Работеше како правник во македонскиот гранка на ABA/CEELI, а работеше во поголема мера на правосудните реформи и реформите во клиничко правно образование. Од 2004 работи како координатор на Правната програма на Фондацијата „Институт отворено општество“ Македонија (ФОСИМ). Неда напиша и учестувува во голем број на публикации посветени на правото, улично право, правен систем и полиција. Таа е исто сертифициран обучувач за пишување јавни политики од Local Government Initiative of the Open Society Institute од Будимпешта, Унгарија.

Нејзина специјалност е слобода, безбедност и правда, а нејзиното поле на познавања опфаќа: процесот на европска интеграција, структури на  ЕУ, политика на проширување, спогодба за стабилизација и асоцијација, односите на Република Македонија и Европската Унија, програми на заедниците.

Контакт: 

Jana_Sazdova Јана Саздовска

Дипломиран правник од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а магистираше на Универзитетот „Каподистиа“ во Атина на Југо-источно Европски студии. Моментално работи како советник во Народна Банка на Република Македонија.

Нејзина специјалност е Европската Централна Банка и нејзиниот систем, а нејзиното поле на познавања вклучува: Структури на ЕУ, економска и монетарна унија и сл.

контакт:

Наташа Јованова

Дипломирала деловен менаџмент на  Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и студирала Европски студии на Европскиот Универзитет Виадрина во Франкфурт на Одра, Германија и на Универзитетот БРИЕ во Русе, Бугарија каде магистрирала. Работи во МЦЕО како програмски директор.

Нејзина специјалност е Политиката на вработување. Нејзиното поле на познавања вклучува: Економска интеграција на ЕУ, политика и право на конкуренција, Индустриска и политика на претпријатија, , Социјална политика, Единствен пазар, ЕУ структури и институции.

Контакт: 

borko_handjiski BORKO HANDZISKI

Graduated Economics at the University Ss. Cyril and Methodius in Skopje and holds MBA degree from Purdue University, Krannert School of
Management. Since July 2007, Borko Handjiski has been working as Economist at the Joint European Commission/World Bank Office in Brussels. Previously he worked as Economic Affairs Officer in the EC Delegation in Skopje (since September 2005), Research Analyst at the World Bank (Aug 2004 – Aug 2005) and the National Bank of the Republic of Macedonia (Feb 2002 – July 2004).

His speciality is Management of EU Funds, and his field of interest includes: Economic and Monetary Union, EU integration, EU Trade Policy etc.

Contact: 

Simonida_Kacarska Симонида Кацарска

Дипломиран политолог по меѓународни односи и европски студии на Америчкиот Универзитет во Благоевград, Бугарија. Магистрираше Европски политики на Универзитетот во Сасекс, Обединетото Кралство. Моментално работи во Секторот за интеграции при Секретаријатот за Европски прашања на Владата на Република Македонија.Нејзина специјалност е слобода, безбедност и правда, додека нејзиното поле на познавања вклучува: процесот на европска интеграција, институции на ЕУ, политика на проширување, услови и преговори за членство во ЕУ.
 

Контакт: 

zizi Живка Костовска – Стојановска

Дипломираше право од Универзитетот „ Св. Кирил и Методиј“ во Скопје . Откога дипломираше стажираше право и ги прошири своите интереси во интелектуална сопственост – trademark, патенти, авторски права и други сродни права, а наскоро ќе заврши trademark и патент застапник. Моментално работи во својата струка како менаџер на државната канцеларија на бриселската фирма СД Петошевиќ.Нејзина специјалност е право на интелектуална сопственост на ЕК,  додека нејзиното поле на познавања вклучува:  царинска унија, внатрешен пазар, соработка во полето на правда и внатрешни работи.
 

контакт: 

Simeon_Petrovski Симеон Петровски

Дипломиран правник од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде магистрираше трговско право. Моментално работи на својот докторат на тема право на конкуренција на Универзитетот во Љубљана. Работеше како државен советник во Уставниот Суд во Република Македонија, а моментално работи во Судот за човекови права во Стразбур.

Негова специјалност е трговско и конкурентско право, а полето на неговите познавање се состои од: структура на ЕУ, правниот систем  и примена на законодавството на ЕУ,основни права и слободи.

Контакт: 

Ilija_Milchevski Илија Милчевски
 

Контакт: 

dragan_ristovski Драган Ристовски

Дипломиран политолог од „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, продолжи на пост-дипломски студии по Европски интеграции и Регионални студии во Грац, Австрија. Има работено на Еуро-Балкански Институт како Шеф на истражување и информирање, а беше и претседател на МЦЕО во периодот од 2005 до 2007.Негова специјалност е заедничка надворешна и безбедносна политика, а полето на неговите познавање се состои од: Европски интеграции, политика на проширување, спогодба за стабилизација и асоцијација, односите на Република Македонија и Европската Унија, заедничка безбедносна и одбрамбена политика.
 

контакт: 

Филип Тосевски

Дипломиран правник од Универзитетот „ Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Магистрираше на Center for European Integration Studies на Rheinische Friedrich-Wilhelms-Universität во Бон, Германија. Моментално работи како помлад службеник во Директоратот за ЕУ во Министерството за надворешни работи. Претходно работеше како помлад соработник во Секретаријатот за Европски прашања во BASME. Има учествувано на повеќе летни академии и обуки за слобода, безбедност и правда.

Негова специјалност е визна политика, азил и миграции, а полето на неговите познавање се состои од: структура на ЕУ, политика на проширување, заедничка надвореша и безбедносна политика, ИПА, програми на заедницата, правда и внатрешни работи.

контакт: 

igor_spirovski1 Игор Спировски

Дипломиран правник од Универзитетот „ Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. После завршување на студиите работеше Суд за работни односи во Скопје. Подоцна работеше како Генерален Секретар на Уставниот Суд и беше преставник за Република Македонија во Венецијанската Комисија. Моментално е Уставен Судија.

Негова специјалност се основни права и слободи, а полето на неговите познавање се состои од: структури на ЕУ, правен систем и примена на правото на ЕУ, правосудство и внатрешни работи.

контакт: 

 

Powered by WordPress | Designed by: diet | Thanks to lasik, online colleges and seo © 2011 mcet.org.mk. All Rights Reserved. a href="http://www.seo.us.com">seo