Новости

Компаративна анализа на извештаите на Европската комисија 2010-2013

Плодовите на портокаловата револуција

И оваа година, Македонскиот центар за европско образование подготви компаративна анализа на извештаите на Европската комисија за периодот 2010-2013. Документот е достапен на следниот линк Плодовите на портокаловата револуција (249)

Македонија – држава во криза

ДОКУМЕНТ ЗА ЈАВНА ПОЛИТИКА

Македонија е држава во длабока неволја. Клима на недоверба има меѓу сите политички партии; се зголемува нетолеранцијата на малцинските групи, а се генерира и страв со сеопфатната контрола на главната владејачка партија. Во 2009 година Европската комисија препорача да се утврди датум за отпочнување на пристапните преговори, но оттогаш напорите на државата за влез во ЕУ (и во НАТО) се блокирани. Авторот Ерван Фуере дава десет јасни препораки и за Македонија и за Европската унија.

Ерван Фуере е виш истражувач при ЦЕПС и поранешен Специјален претставник и амбасадор на Европската унија, Шеф на Делегацијата на Европската комисија во Република Македонија

Документот е достапен тука.

 

ВТОРА ШАНСА ИЛИ РЕЦИКЛИРАЊЕ Бриф за програмирањето на Инструментот за претпристапна помош (ИПА II)

На Европскиот совет одржан на 7 и 8 февруари 2013 година беше постигнат договор за Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ (MFF) за периодот 2014-2020, или таканаречената седумгодишна финансиска перспектива на ЕУ. Оваа финансиска перспектива ја смета политиката за проширување за една од најуспешните политики на Европската унија што довела до мир, стабилност и просперитет во Европа. Инструментот за претпристапна помош популарно наречен ИПА 2007-2013 завршува на 31 декември 2013 година и тој треба да се замени со нова регулатива која ќе влезе во сила на 1 јануари 2014 година и ќе го обележи почетокот на користењето на ИПА II. За периодот 2014-2020, ЕУ предвидела дополнителни 11 милијарди евра наменети за помош на државите-пристапнички, со цел тие да се трансформираат од држави-кандидатки во полноправни држави-членки на ЕУ. Името на инструментот останува исто, односно Инструмент за претпристапна помош (ИПА) II, иако тој треба да биде подобрена верзија на ИПАI врз основа на научените лекции од неговото спроведување во периодот 2007-2013.

ИПА II ќе биде пофлексибилен инструмент од аспект на распределбата, програмирањето и на спроведувањето на финансиската помош. Се надеваме дека процесот на програмирање ќе биде поедноставен и ќе има континуитет, но и дека инструментот ќе биде приспособен на конкретните потреби на засегните држави. Кохерентен приод ќе се постигне преку вклучување на засегнатите страни во процесот на програмирање и преку елиминирање на непотребната бирократија. Идентификацијата на основните сектори е од клучно значење за успешноста на процесот на пристапување, бидејќи успешното пристапување подразбира навремено финансиско распределување на средствата за сите политики опфатени со ИПА, што пак овозможува подобро утврдување на приоритетите (како што се јавната администрација, судството, итн.). Ова ќе доведе до поголемо влијание и подобра одржливост на предложените акции.

Целосната верзија на брифот е достапна на следниот линк ВТОРА ШАНСА ИЛИ РЕЦИКЛИРАЊЕ (111)

ОСУМНАЕСЕТТИ ИЗВЕШТАЈ ОД СЛЕДЕЊЕТО НА ПРОЦЕСОТ НА ПРИСТАПУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ

ВИН-ВИН ПОЛИТИКА

Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) во соработка со Фондација Отворено општество Македонија (ФООМ) го објавија 18-тиот извештај од следењето на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ. Документот наречен ВИН-ВИН ПОЛИТИКА е достапен тука.

Регионална конференција на ГИЗ “Од ИПА до кохезиона политика”

Во периодот од 12 до 14 јуни 2013 година, четворива претставници од Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО)[1] учествуваа на регионалната конференција насловена “Од ИПА до Кохезионата политика”, организирана од Германската меѓународна помош (GIZ) во партнерство со Институтот за европска политика (EIP) од Берлин. Регионалната конференција се случи во Загреб.

Целта на конференцијата беше да се добие подобро разбирање за промените што ќе ги доживее инструментот за претпристапна помош (IPA) како и предизвиците со коишто ќе соочат државите од транзицијата на ИПА до Кохезионата политика на ЕУ (во случајот на Хрватска), со тоа што ги носи на едно место учесниците на програмата за развој на човечкиот капацитет во Југоисточна Европа на GIZ. Исто така беа идентификувани регионалните потреби, но и анализирани со помош на размена на искуства и преку вмрежување.

Регионалната конференција имаше двоен пристап со тоа што, од една страна ја опфати длабинската експертиза за новиот инструмент IPA II, а од друга страна ги донесе на едно место регионалните партнери, истражувачите и алумните на GIZ за да се зајакне регионалното знаење за овој нов инструмент.

Конференцијата беше структуирана околу следниве теми:

1. IPA како клучен инструмент за обликување на претпристапната и постпристапната политика и нејзините инпути гледани од регионална перспектива.

2. Анализа на тековната состојба со IPA и со Кохезионата политика на ЕУ во контекст на поглавјата на европското законодавство, како и во функција на отворање дебата за ЕУ интеграциите на државите од Југоисточна Европа – перспективите на различните држави како и основното значење на процесот на европските интеграции.

3. Градење на капацитети и промоција на националната со поставеност.

4. Зајакнување на мрежите за регионална соработка, нивната корист и перспективи.

На конференцијата учествуваа излагачи од висок профил, се иницираат панел дискусии и се даде индивидуален придонес на сесиите на работилницата. Искуството и инпутот на учесниците беше искористено за отворање дискусија и споредување на различните реалности.

Агендата од регионалната конференција може да се најде овде Agenda Zagreb (227).

 


[1] Лидија Димова, Димитар Николовски и Наташа Јованова.

Реакција на МЦЕО на Демантот на здружението ПОРАКА НОВА

Во текот на денешниот ден (12.04.2013) до МЦЕО и до неколку медиуми кои ги пренесоа нашите пораки од вчерашната прес конференција пристигна Демант (374) од Здружението Порака Нова, како една од корисничките на средствата кои се предмет на анализа во Седумнаесеттиот извештај од следењето на процесот на пристапување „Млади од акција (184)“ промовиран вчера во ГЕМ клубот. Демантот се однесува на дел од наводите прикажани во Извештајот, затоа МЦЕО најдобронамерно со цел да ги појасни намерите и целите на објавениот Извештај состави и испрати реакција на демантот. Текстот на реакцијата погледнете го ТУКА (316).

Реакција на МЦЕО на Ставот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во врска со новинарски прашања објавен на нивната веб страна на 11.04.2013 година

Во текот на вчерашниот ден Националната агенција за европски образовни програми и мобилностна својата веб страна објави Став (206) во врска со новинарски прашања поврзани со начинот на доделување на европските пари достапни преку програмите со кои раководи Националната агенција. Всушност овој изнесен став претставува обид да се одговори на наводите и дилемите изнесени од страна на МЦЕО и ФООМ на прес конференцијата одржана на 11.04.2013 година за промоција на Седумнаесеттиот извештај од следењето на процесот на пристапување насловен како „Млади во акција (162)“. Со цел да ги отвори прашањата поврзани со овој извештај и со работата на Националната агенција, а комуникацијата со оваа институција да не се сведе на нејзиното штуро соопштение, МЦЕО подготви реакција на нивниот Став во која поставува повеќе прашања и дилеми. Текстот од реакцијата на МЦЕО можете да ја најдете ТУКА (304).

СЕДУМНАЕСЕТТИ ИЗВЕШТАЈ ОД СЛЕДЕЊЕТО НА ПРОЦЕСОТ НА ПРИСТАПУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ

Сомнително потрошени 1,3 милиони евра европски пари

Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) во соработка со Фондација Отворено општество Македонија (ФООМ) го објави 17-тиот извештај од следењето на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ, кој ја анализира работата на Националната агенција за образовни програми и мобилност.

Во извештајот насловен како „Млади во Акција“ нотирани се повеќе случаи на сомнително доделување на средства од Националната агенција кон младински граѓански здруженија, појава која се случуваше и во 2010 година, поради што Брисел ги замрзна средствата наменети за Националната агенција.

ДЕБАТА ОДНОСИТЕ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА- ЧЕТВРТО ПОЛУВРЕМЕ

Почитувани, подолу е достапен звучниот запис со галерија од дебатата.

 

 

 

 

 

ОДНОСИТЕ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА- ЧЕТВРТО ПОЛУВРЕМЕ

 

Тркалезна маса за односите меѓу Македонија и Бугарија по Европскиот совет во декември 2012

 

Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) и Фондацијата отворено општество- Македонија (ФООМ) Ве покануваат на тркалезна маса за односите меѓу Македонија и Бугарија по Европскиот совет во декември 2012 со наслов: „Односите меѓу Македонија и Бугарија- ЧЕТВРТО ПОЛУВРЕМЕ“ која ќе се одржи на 06 февруари 2013 (среда) во 11 часот во ГЕМ клубот во Старата чаршија во Скопје.

Во фокусот на оваа тркалезна маса ќе бидат добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија во контекст на заклучоците на Европскиот совет во декември 2012 година. Особено ќе се стави акцент на можностите за решавање на отворените прашања преку рамката за европски интеграции имајќи го предвид историјатот на меѓусебните односи и сегашните предизвици во двете држави.

Говорници на тркалезната маса се: Димитар Бечев- Европски совет за надворешни односи- Софија; Антоанета Приматарова- Центар за либерални стратегии- Софија; Јавор Сидеров- самостоен истражувач и аналитичар- Бугарија; Љубомир Данаилов Фрчкоски- Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје; Бартоломеј Кајтази- поранешен амбасадор на РМ во Ватикан и Ирена Стефоска- Институт за национална историја- Скопје. Работни јазици на тркалезната маса ќе бидат македонски и бугарски.

Тука може да ги преземете агендата (218) и поканата (257) за настанот.



Powered by WordPress | Designed by: diet | Thanks to lasik, online colleges and seo © 2011 mcet.org.mk. All Rights Reserved. a href="http://www.seo.us.com">seo