ИЗВРШНА КАНЦЕЛАРИЈА

  • Бојан МАРИЧИЌ
    Извршен директор


    Дипломирал право на универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, за потоа да магистрира правни науки на универзитетот на Амстердам. Своите втори магистерски студии на Современи европски студии ги завршил на универзитетскиот колеџ во Лондон. Неговиот истражувачки интерес ги вклучува областите судство и основни права; уставен и политички систем на Европската Унија; вградување на правото на Европската Унија во националниот правен поредок; Европската Унија во мултилатералните односи; европеизација на политиките на државите кандидатки; политичката условеност во Европската Унија; и др. Бојан е дел од тимот на Македонскиот центар за европско образование од 2011 година

  • Александар КОЛЕКЕСКИ
    Постар истражувач/Аналитичар


    Докторирал јавна администрација на Универзитетот на Југоисточна Европа - Тетово. Магистрирал на Кирил и Методиј во Скопје, а имал и едногодишен студиски престој на Универзитетот на Северна Аризона во Флагстаф во САД како Фулбрајт истражувач. Неговиот истражувачки интерес ги вклучува институционалните промени; развојот на човечкиот капитал; европската интеграција и Програмите на унијата. Александар е дел од тимот на Македонскиот центар за европско образование од почетокот на 2014 година.

  • Диана БЛИЗНАКОВСКА
    Истражувач/Аналитичар


    Дипломирала право на универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и го има положено правосудниот испит. Магистрирала право на Европска унија на Europa Institut во Сарбрикен, Германија . Нејзините истражувачки интереси се политика за заштита на конкуренција, системот на заштита на човековите права во Европската унија, усогласување на македонското законодавство со легислативата на Европската унија, патот на пристапувањето на Република Македонија кон Европската унија. Диана е дел од тимот на Македонскиот центар за европско образование од почетокот на 2014 година.

  • Горан ЛАЗАРОВ
    Истражувач-Aналитичар


    Дипломирал право на универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и моментално работи на својот магистарски труд на смерот деловно право на истиот унивирзитет. Неговиот истражувачки интерес ги вклучува демократизацијата; човековите права; европеизација на политиките на државите кандидатки; политика за проширување на Европската унија. Дел од тимот на Македонскиот центар за европско образование е од 2013 година.

  • Љупчо ПЕТКОВСКИ
    Постар истражувач/Аналитичар


    Дипломирал политички науки и меѓународни односи на Универзитетот на Љубљана. Магистрирал политички менаџмент на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

    Неговиот истражувачки интерес ги вклучува демократизацијата,  национализмот и екстремните политички движења како популизмот; европската интеграција и теориите за интегрирањето; политика за проширување на Европската унија.

    Дел од тимот на Македонскиот центар за европско образование е од почетокот на 2011 година.

  • Андреја СТОЈКОВСКИ
    Постар истражувач/Аналитичар


    Дипломирал право на универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, а потоа магистрирал право на Европската Унија на универзитетот Карлос трети во Мадрид. Неговиот истражувачки интерес ги вклучува областите меѓународно еколошко право и европско еколошко право; уставен и политички систем на Европската Унија; примена на правото на Европската Унија пред националните и пред Европскиот суд на правдата; вградување на правото на Европската Унија во националниот правен поредок; процесот на стабилизација и асоцијација и односите помеѓу Република Македонија и Европската Унија; и др. Од октомври 2009 година е избран за предавач, асистент по предметот Структури и институции на Европската Унија на универзитетот Американски колеџ Скопје. Андреја е дел од тимот на Македонскиот центар за европско образование од 2007 година.