За нас
Македонскиот центар за Европско образование е непрофитабилна организација создадена во декември 2002
НАШИОТ ТИМ
-
Тосевски Филип
Членови на извршен одбор
Дипломирал право на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Магистер е на Европските студии при Универзитетот Rheinische Friedrich-Wilhelms.
Негова специјалност се визната политика, азил и миграција, а неговото поле на експертиза вклучува Структури на Европската Унија, Политики за проширување, Заедничка надворешна и безбедносна политика, Инструменти за претпристапна помош, Програмите на Заедницата, правда и внатрешни работи.
-
Џонова Даница
Членови на Извршен одбор
Дипломирала право на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје. Потоа се стекнува со Магистерска диплома од областа на јавните политики на Универзитетот во Питсбург.
Нејзината потесна специјалност се Основните човекови права и слободи, а полето на експертиза вклучува структури на Европската Унија, Правни системи и имплементација на правото во Европската комисија, корпорација во областа на правдата и внатрешните работи итнОсновачки член на МЦЕО (септември 2002).
-
Андреја СТОЈКОВСКИ
Постар истражувач/Аналитичар
Дипломирал право на универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, а потоа магистрирал право на Европската Унија на универзитетот Карлос трети во Мадрид. Неговиот истражувачки интерес ги вклучува областите меѓународно еколошко право и европско еколошко право; уставен и политички систем на Европската Унија; примена на правото на Европската Унија пред националните и пред Европскиот суд на правдата; вградување на правото на Европската Унија во националниот правен поредок; процесот на стабилизација и асоцијација и односите помеѓу Република Македонија и Европската Унија; и др. Од октомври 2009 година е избран за предавач, асистент по предметот Структури и институции на Европската Унија на универзитетот Американски колеџ Скопје. Андреја е дел од тимот на Македонскиот центар за европско образование од 2007 година.
-
Љупчо ПЕТКОВСКИ
Постар истражувач/Аналитичар
Дипломирал политички науки и меѓународни односи на Универзитетот на Љубљана. Магистрирал политички менаџмент на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.
Неговиот истражувачки интерес ги вклучува демократизацијата, национализмот и екстремните политички движења како популизмот; европската интеграција и теориите за интегрирањето; политика за проширување на Европската унија.
Дел од тимот на Македонскиот центар за европско образование е од почетокот на 2011 година.
-
Митко СЕВРИЕВСКИ
Постар истражувач/Аналитичар
Дипломирал графички дизајн на Европскиот универзитет во Скопје. Митко е дел од тимот на Македонскиот центар за европско образование од 2006 година.
-
Бојан МАРИЧИЌ
Извршен директор
Дипломирал право на универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, за потоа да магистрира правни науки на универзитетот на Амстердам. Своите втори магистерски студии на Современи европски студии ги завршил на универзитетскиот колеџ во Лондон. Неговиот истражувачки интерес ги вклучува областите судство и основни права; уставен и политички систем на Европската Унија; вградување на правото на Европската Унија во националниот правен поредок; Европската Унија во мултилатералните односи; европеизација на политиките на државите кандидатки; политичката условеност во Европската Унија; и др. Бојан е дел од тимот на Македонскиот центар за европско образование од 2011 година