Отиде ли Македонија прекутрупа за Европа?

Отиде ли Македонија прекутрупа за Европа?

Во процесот на европеизација на општеството, освен добро познатиот Инструмент за претпристапна помош (ИПА), во периодот 2007–2013 година, Македонија ги имаше на располагање и таканаречените Програми на Заедницата. 

 

Програмите на Заедницата се инструменти за создавање „европска додадена вредност“ во областите каде има потреба за подлабока интеграција (научноистражувачката дејност и иновациите, образованието, културата, индустриската политика, социјалната политика итн.). 

 

Методологијата што ја применивме во ова истражување имаше за цел да ги собере неопходните податоци за да може истражувањето засновано на докази да понуди остварливи препораки за подобрување на учеството на македонските организации во Програмите на Заедницата, забрзувајќи ја на тој начин европеизацијата на Македонија. 

 

Целата анализа може да ја преземете од следниов линк.