Читања
1122
Регионална конференција на ГИЗ “Од ИПА до кохезиона политика”

Регионална конференција на ГИЗ “Од ИПА до кохезиона политика”

Во периодот од 12 до 14 јуни 2013 година, четворива претставници од Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО)[1] учествуваа на регионалната конференција насловена “Од ИПА до Кохезионата политика”, организирана од Германската меѓународна помош (GIZ) во партнерство со Институтот за европска политика (EIP) од Берлин. Регионалната конференција се случи во Загреб.

Целта на конференцијата беше да се добие подобро разбирање за промените што ќе ги доживее инструментот за претпристапна помош (IPA) како и предизвиците со коишто ќе соочат државите од транзицијата на ИПА до Кохезионата политика на ЕУ (во случајот на Хрватска), со тоа што ги носи на едно место учесниците на програмата за развој на човечкиот капацитет во Југоисточна Европа на GIZ. Исто така беа идентификувани регионалните потреби, но и анализирани со помош на размена на искуства и преку вмрежување.

Регионалната конференција имаше двоен пристап со тоа што, од една страна ја опфати длабинската експертиза за новиот инструмент IPA II, а од друга страна ги донесе на едно место регионалните партнери, истражувачите и алумните на GIZ за да се зајакне регионалното знаење за овој нов инструмент.

Конференцијата беше структуирана околу следниве теми:

1. IPA како клучен инструмент за обликување на претпристапната и постпристапната политика и нејзините инпути гледани од регионална перспектива.

2. Анализа на тековната состојба со IPA и со Кохезионата политика на ЕУ во контекст на поглавјата на европското законодавство, како и во функција на отворање дебата за ЕУ интеграциите на државите од Југоисточна Европа – перспективите на различните држави како и основното значење на процесот на европските интеграции.

3. Градење на капацитети и промоција на националната со поставеност.

4. Зајакнување на мрежите за регионална соработка, нивната корист и перспективи.

На конференцијата учествуваа излагачи од висок профил, се иницираат панел дискусии и се даде индивидуален придонес на сесиите на работилницата. Искуството и инпутот на учесниците беше искористено за отворање дискусија и споредување на различните реалности.

The Agenda of the regional conference can be found here Agenda Zagreb