Читања
1315
Повик за обука: Систем на заштита на човекови права во Совет на Европа и Европска унија

Повик за обука: Систем на заштита на човекови права во Совет на Европа и Европска унија

Македонски центар за европско образование (МЦЕО) распишува повик за обука за „Систем на заштита на човекови права во Совет на Европа и Европска унија“.

 

Учесници во обуката ќе бидат практичари од граѓанскиот сектор, кои понатаму се очекува да работат на оваа тема како и млади практичари  студенти или дипломирани по право, кои понатаму се очекува да имплементираат обуки за оваа тема.

 

 

Обуката ќе се одржи од 10 до 12 април во хотел Радика, Маврово. Превозот ќе биде организиран од страна на МЦЕО. Секој кој ќе дојде со сопствен превоз, настрана од организираниот ќе мора да си ги помири трошоците за превозот. Сместувањето ќе биде во двокреветни соби. Доколку некој сака сместување во еднокреветна соба ќе мора да доплати за собата.

 

Оваа обука ќе овозможи на учесниците да се запознаат со целосната слика на  заштита на човекови права кои постојат во регионот Европа. Еден  значителен дел од модулот (околу ¾) ќе биде посветен на Европскиот суд за човекови права и Европската Конвенција за човекови права. Овој дел од обуката ќе биде фокусиран на Конвенцијата и нејзиното разбирање преку судската пракса, потоа процесот на поднесување на апликација пред судот, па се до извршување на одлуките на судот во Стразбур. Обуката ќе овозможи многубројни практични информации кои ќе им помогнат на младите во пребарување на информации од оваа област. 

Останатиот дел од обуката ќе биде посветен на системот на заштита на човекови права во ЕУ како и односот кој досега е воспоставен помеѓу Судот на правда во Луксембург и Судот за човекови права во Стразбур.  Учесниците ќе се запознаат со судската пракса и принципите на Европскиот суд на правда воспоставени за човековите права.  Исто така  дел од обуката ќе биде посветен и на идниот развој на човековите права во ЕУ и промените кои ќе настанат по пристапувањето на ЕУ кон Европската конвенција за човекови права.

 

Предавачи ќе бидат членови на МЦЕО и практичари од областа на заштита на човековите права кои имаат работенo на Европската конвенција за човекови права во Македонија и пред судот во Стразбур.

 

Сесиите ќе бидат фокусирани на следниве теми:

 

  1. Како се вклопуваме во европската рамка? Човековите права во Европа и кај нас – Проблеми и предизвици
  2. ЕКЧП  - како правилно да ја прочитаме за правилно да ја разбереме
  3. Како да се биде дел од постапката пред ЕСЧП?
  4. Дали вашата апликација е допуштена? 
  5. Ајде да пополниме апликација!
  6. Судските одлуки треба да се извршуваат
  7. Каде и како до потребните релевантни информации
  8. Систем на заштита на човековите права во Европската унија
  9. Односот помеѓу Европскиот суд на правда и Европскиот суд за човекови права по пристапувањето на ЕУ кон Европската конвенција за човекови права

 

Останатите детали како агенда, место и време на поаѓање ќе бидат соопштени детално на учесниците навремено.

 

Пријавувањето се врши со пополнување на формуларот за пријавување најдоцна до 1ви април.

 

Ако имате било какви нејасности слободно пишете на маил diana@mcet.org.mk  или hkoneski@mcet.org.mk.