Читања
1088
Последен состанок на Собранието на МЦЕО за мандатниот период 2011-2013

Последен состанок на Собранието на МЦЕО за мандатниот период 2011-2013

Во саботата на 09.11.2013 година, Собранието на Македонски центар за европско образование (МЦЕО) ja одржа својата 6та седница за мандатниот период 2011-2013 на која донесе значајни одлуки. Покрај дискусијата за стратешките насоки во кои ќе се движи организацијата во иднина како и приоритетите во нејзината работа, Собранието избра старо-нов претседател. Доверба да претседава со организацијата доби Андреја Стојковски. Избран беше и нов состав на Извршниот одбор на МЦЕО. Сегашни членови на ИО на МЦЕО се: Андреја Стојковски (претседател), Георги Христов, Горан Николоски, Даница Џонова, Лилјана Шеќеринска Ѓорѓевиќ, Неда Коруновска Аврамовска и Филип Тосевски.

Извршниот одбор на МЦЕО ја констатираше оставката на досегашната извршна директорка на МЦЕО, Лидија Димова и изрази огромна благодарност за нејзината досегашна работа. Таа и натаму останува член на организацијата и ќе придонесува за натамошниот развој.

ИО на МЦЕО донесе одлука и за нов извршен директор на МЦЕО, со мандат од две години, да го именува Бојан Маричиќ.