Читања
1351
Повик за обука на тема „Систем за заштита на човекови права во Совет на Европа и Европска унија“.

Повик за обука на тема „Систем за заштита на човекови права во Совет на Европа и Европска унија“.

 

 

Почитувани,

 

Македонски центар за европско образование (МЦЕО) распишува повик за обука на тема „Систем за заштита на човекови права во Совет на Европа и Европска унија“.

На обуката можат да се пријават како учесници практичари, адвокати или правници кои работат во адвокатска канцеларија или адвокатско друштво, односно во невладина организација каде што работат или би сакале да работат на заштита на човековите права. Поради лесно користење на материјалите за обуката, како и следење на предавањата секој од пријавените учесници треба да има работни познавања од англиски јазик.

 

Поради ограничениот број на места селекцијата, ќе се врши по принципот „кој е прв во времето, тој е посилен во правото“.

Обуката ќе се одржи на 9 и 10 мај (петок и сабота) во хотелот Радика, Леуново. МЦЕО за сите учесници на обуката ќе организира превоз од Скопје до Леуново, на 9 мај, односно од Леуново до Скопје, на 10 мај, по завршувањето на обуката. Автобусот за учесниците ќе тргне во петок, на 9 мај, најдоцна во 10.00 часот. Оттаму, секој од учесниците ќе мора да добие согласност за отсуство од работа во текот на денот. МЦЕО нема да ги преземе трошоците за индивидуален превоз на учесниците. За сите учесници на семинарот МЦЕО ќе обезбеди сместување во хотелот Радика во еднокреветни соби.

 

Оваа обука е наменета за обука на адвокати и млади правници-практичари. Модулот и програмата за обука треба на учесниците да им понуди знаења за европскиот систем за заштита на човековите права, но и практични вештини за тоа како можат да ги употребат можностите кои произлегуваат и ресурсите кои им стојат на располагање, а можат да придонесат за ефективна заштита на човековите права. Обуката ќе биде поделена во три делови во кои фокусот ќе биде ставен на: (1) системот на заштита на човековите права на Советот на Европа и можностите кои произлегуваат од примената на Европската конвенција за човекови права; (2) системот за заштита на човековите права во Европската унија и ефектот кој пристапувањето ќе го има врз Република Македонија; и (3) вештини за учество во постапките пред Европскиот суд за човекови права и користење на ресурсите од судовите во Стразбур и Луксембург.

На крајот од обуката учесниците ќе имаат појасна слика за европскиот систем за заштита на човековите права, институционалната и правната рамка на системот; ќе знаат како да поднесат апликација до Европскиот суд за човекови права и како ефективно да учествуваат во постапка пред Судот; ќе го разбираат правото на Европската унија и неговите ефекти врз националното право; ќе се запознаат со актуелните случувања во врска со пристапувањето на Европската унија кон Европската конвенција за човекови права и односнот помеѓу судовите во Стразбур и во Луксембург; и ќе можат да ги користат алатките за пребарување на обата судови и подноставно да ги читаат и да ги разбираат пресудите на обата судови.

 

Предавачи на обуката ќе бидат: д-р Хуан Игнасио Сигнес де Меса, правен соработник во Европскиот суд на правдата и професор на Католичкиот универзитет Комиљас во Мадрид, Елена Јовановска поранешна вработена во Европскиот суд за човекови права и м-р Даница Џонова од Канцеларијата на Владиниот Агент за застапување пред Европски суд за човекови права.

Останатите детали како агенда, место на тргнување и точното време на тргнување ќе бидат соопштени пред заминувањето на обуката.

Пријавувањето се врши со пополнување на формуларот за пријавување најдоцна до 3мај 2014 година.

Ако имате било какви нејасности слободно пишете на е-пошта diana@mcet.org.mk или hkoneski@mcet.org.mk.