Да зборуваме за животната средина

Да зборуваме за животната средина

Последната од специјализираните публикации од проектот Акција за Европа се фокусира на Политиката за животна средина на ЕУ. Публикацијата покрај објаснувањето на политиката и на проблемите со кои се соочува современиот свет, а кои политиката има за цел да ги разреши, нуди и информации за инструментите кои ЕУ ги развива во поддршка на напорите за почиста и поздрава животна средина. Изданието беше подготвено за конференцијата на тема „Животна средина“ која се одржа пролетта 2010 во Велес.

Публикацијата е објавена на македонски и на албански јазик. За да ги прочитате обете верзии следете ги линковите во текстот.