Прекутрупа во Европа - Истражување за искористувањето на Програмите на Заедницата во Македонија

Прекутрупа во Европа - Истражување за искористувањето на Програмите на Заедницата во Македонија

Во процесот на „европеизација“ на општеството, освен добро познатиот Инструмент за претпристапна помош (ИПА), од 2007 година Македонија на располагање ги има и Програмите на Заедницата. Програмите на Заедницата се инструменти за создавање „европска додадена вредност“ во областите каде има потреба за подлабока интеграција (научно-истражувачка дејност и иновации, образование, култура, индустриска политика, социјална политика, итн.). Во поширок контекст, тие претставуваат механизми за реализација на Лисабонската агенда, односно стратегијата Европа 2020. Ова истражување опфати пет Програми на Заедницата: 1. Култура; 2. Европа за граѓаните; 3. ПРОГРЕС; 4. ФП7; 5. ЦИП. 

За да ја преземете целата студија следете го овој линк.