Следејќи го лидерот: Петар Пан или реалност

Следејќи го лидерот: Петар Пан или реалност

Документот за јавна политика произлезе како резултат на дискусиите водени на конференцијата насловена „Македонија-Шпанија: Стратешко партнерство за европска интеграција“ ко-организирана од Центарот за истражување на меѓународната политика од Барселона и Македонскиот центар за европско образование. Конференцијата се одржа во Скопје на 29 септември 2009 година, а документот се фокусира на можностите за развој на стратешкото партнерство помеѓу Македонија и Шпанија во пресрет на Шпанското претседателство со Европската унија од Јануари до Јуни 2010 година.

Документот беше објавен на македонски и на англиски јазик, а обете верзии се достапни преку понудените линкови во текстот.