Лисабон-Скопје-Солун: Европа се враќа дома - Пет причини зошто Македонија треба да ги почне преговорите

Лисабон-Скопје-Солун: Европа се враќа дома - Пет причини зошто Македонија треба да ги почне преговорите

Документот за јавна политика беше изготвен во пресрет на Лисабонскиот самит на Европската унија и очекувањето за доделување на датум за почеток на преговори. Со истито се нуди објаснување како треба да оди патот на Република Македонија до членство во Унијата, а се аргументираат и причините поради кои Советот треба да одлучи на Македонија да и додели датум за преговори.

За успехот на документот говори и податокот дека истиот беше тема за дискусија на состанокот во Јануари 2010 на Заедничкиот парламентарен комитет на Европскиот парламент и Собранието на Република Македонија.

Документот беше објавен на македонски и на англиски јазик, а обете верзии можете да ги преземете следејќи ги линковите во текстот.