Втора шанса или втора рака

Втора шанса или втора рака

На Европскиот совет одржан на 7 и 8 февруари 2013 година постигнат беше договор за Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ (MFF) за периодот 2014-2020, или таканаречената финансиска перспектива за користење на буџетот на ЕУ. Новата финансиска перспектива ја смета политиката за проширување за една од најуспешните политики на ЕУ што довела до мир, стабилност и просперитет во Европа. Примената на Инструментот за претпристапна помош популарно наречен ИПА завршува на 31 декември 2013 година и тој треба да се замени со нова регулатива која влегува во сила на 1 јануари 2014 и ќе го обележи почетокот на користењето на ИПА II. За периодот 2014-2020 ЕУ предвидела дополнителни 11 милијарди евра наменети за помош на земјите од пристапувањето, со цел тие да се трансформираат од змеји-кандидатки во полноправни држави-членки на ЕУ. Името на инструментот останува исто, односно Инструмент за претпристапна помош (ИПА) II, иако тој треба да биде подобрена верзија на ИПА I врз основа на научените лекции од неговото спроведување во периодот 2007-2013.

За да го прочитате целиот документ следете го линкот.