
Студија: „Старо купувам: новата европска приказна за Македонија“
Веќе неколку години, процесот на интеграција на Македонија во Европската унија (натаму ЕУ), но уште поважно, процесот на суштинска европеизација на политичкиот и општествениот систем на Македонија, се во сериозна криза. Лекциите научени од последните бранови проширувања на ЕУ сведочат дека елитите во новите демократии се подготвени на брзи реформи и промени кога се соочени со условеноста на ЕУ. Затоа, фактот што Македонија бележи назадување во клучните демократски параметри во последниве неколку години е често толкуван како последица на застојот во евроинтеграциите.
Со цел да се укаже на поширокиот контекст и да се формулираат препораки втемелени на широка палета докази, целите на студијата се повеќеслојни.
Целата студија „Старо купувам: новата европска приказна за Македонија“ може да ја превземете од овој линк.