Читања
314
УСТАВНАТА ЖАЛБА - Светло на крајот од тунелот!?!

УСТАВНАТА ЖАЛБА - Светло на крајот од тунелот!?!

Македонскиот центар за европско образование во рамки на проектот „Основни права – Сместување во европската рамка“ активно работи и се вклучува во јавната дебата по уставните амандмани со организирање на дебата за амандманот 39 на Уставот на Република Македонија, а во однос на воведувањето на Уставната тужба и подобрувањето на заштитата на човековите права.

 

На дебатата говорат д-р Мирјана Лазарова-Трајковска, судија на Европскиот суд за човекови права, д-р Рената Дескоска, професор на Правниот факултет „Јустинијан први“, м-р Костадин Богданов, владин агент пред Европскиот суд за човекови права и м-р Андреја Стојковски, постар истражувач/анлитичар во Македонскиот центар за европско образование.