Читања
353
Работилница: Извори на популизам на Балканот

Работилница: Извори на популизам на Балканот

Работилница: Извори на популизам на Балканот

Локација: Хотел Кај, Марија Бистрица, Хрватска

Датум: 30 и 31 октомври 2014 година

 

Центарот за југоисточно-европски студии на Универзитетот во Грац и Фондацијата Фридрих Еберт - Загреб, организира дводневна работилница на тема „Извори на популизам на Балканот“ со цел да ги истражи и ја образложи разновидноста на изворите за политички популизам на Балканот.

Според листата на учесници, во оваа работилница (панел 2) активно учество и свој придонес ќе има и Љупчо Петковски, постар истражувач/Аналитичар во Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) каде ќе говори на тема „Популизам: Социјална патологија или радикална демократија?“

Оваа работилницата и големиот број предвидени дискусии се со намена да се истражат социо-економски проблеми на социјалните групи (на пример, "губитници од транзицијата", ветерани, бегалци, сиромашните и невработените, итн) што се поврзуваат со популизмот и екстремизмот на Балканот. Работилницата има за цел да даде придонес и ја преиспита врската помеѓу социјалните групи и нивните претставници (избрани или самопрогласени, како и политички активисти).

Целата програма на работилницата „Извори на популизам на Балканот“ може да ја погледнете тука.