Читања
783
„ВЛЕЗ ВО БЕЗИЗЛЕЗ“ - Компаративна анализа на извештаите од Европската комисија за напредокот на Република Македонија (2011-2014)

„ВЛЕЗ ВО БЕЗИЗЛЕЗ“ - Компаративна анализа на извештаите од Европската комисија за напредокот на Република Македонија (2011-2014)

Традиционално, шести пат по ред Фондацијата отворено општество- Македонија (ФООМ) и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) подготвија компаративна анализа на извештаите за напредокот на Република Македонија односно на забелешките и проблемите нотирани од Европската комисија за периодот 2011-2014 година. Целта на оваа анализа е што појасно да се прикаже брзината со која Република Македонија се приближува - или се оддалечува - од Европската унија. За таа цел се користи веќе утврдена методологија според која се разгледуваат исклучиво проблемите (а не постигнувањата) и истите се систематизираат со три бои и тоа: 1) Со стандардна боја и фонт се обележани новите забелешки од годинашниот извештај; 2) Со стандардна боја и задебелено се обележани наодите кои се повторуваат барем во еден од претходните извештаи; и 3) со виолетова боја се обележани проблемите кои се повторуваат во минатите две и/или повеќе години.

 

Главниот извор на податоци и оценки за оваа наша анализа е Извештајот за напредокот на ЕК. Сепак, оваа година многу важен извор на податоци, но и политички процени е Стратегијата за проширување и главните предизвици за 2014-2015. Имено овој документ ги утврдува темелните определби на ЕУ во врска со проширувањето, нарекувајќи ги инструмент за консолидација на реформите и зајакнување на кредибилитетот на процесот на проширување.

 

Целиот докумнет од компаративната анализа може да го симнете на овој линк.