Читања
93
Обука: Систем на заштита на човекови права во Совет на Европа и Европска унија

Обука: Систем на заштита на човекови права во Совет на Европа и Европска унија

Обука: Систем на заштита на човекови права во Совет на Европа и Европска унија                                                        

Хотел Романтик, Велес

20- 21 февруари 2015

 

Македонски центар за европско образование (МЦЕО) распишува повик за обука за „Систем на заштита на човекови права во Совет на Европа и Европска унија“.

Учесници во обуката се новинари, кои работат на оваа тема.

Обуката ќе се одржи од 20 до 21 февруари во хотел Романтик, Велес. Превозот ќе биде организиран од страна на МЦЕО. Секој кој ќе дојде со сопствен превоз, настрана од организираниот ќе мора да си ги помири трошоците за превозот. Сместувањето ќе биде во двокреветни соби.

Оваа обука ќе овозможи на учесниците  преку брифинзи да се запознаат со целосната слика на  заштита на човекови права кои постојат во регионот Европа. Еден  значителен дел од модулот (околу ¾) ќе биде посветен на Европскиот суд за човекови права и Европската Конвенција за човекови права. Обуката ќе овозможи многубројни практични информации кои ќе им послужат на новинарите при известување за оваа област

Останатиот дел од обуката ќе биде посветен на системот на заштита на човекови права во ЕУ како и односот кој досега е воспоставен помеѓу Судот на правда во Луксембург и Судот за човекови права во Стразбур.  Учесниците ќе се запознаат и со целокупниот систем на заштита на човековите права во ЕУ.

Брифингот ќе биде во форма на излагање од половина час, по кое ќе следи уште еден час дискусија со коментари, прашања и одговори.

Четирите сесии ќе бидат фокусирани на:

-     Резултати од истражувањето содржани во студијата „Темелни права- сместување во европската рамка“

-     Европскиот систем на заштита на човековите права

-     Македонскиот систем на заштита на човековите права со посебен осврт на Слобода на изразување

-     Како се вклопуваме во европската рамка- Човековите права кај нас

 

Агенда, место и време на поаѓање ќе бидат соопштени детално на учесниците навремено.

 

Пријавувањето се врши со пополнување на  формуларот  за пријавување најдоцна до 17ти  февруари до 12 часот.

Бројот на местата е ограничен, а изборот ќе биде на принципот прв пријавен прв услужен.

 

Ако имате било какви нејасности слободно пишете на е-маил diana@mcet.org.mk.

 

 

Агенда: Систем на човекови права во

 Европска Унија и во Совет на Европа

Хотел Романтик, 20-21 февруари

Група 4 – новинари

 

 

 

 

 

Петок – 20 февруари

11:00  Пристигнување

11:30-12:00

Кафе пауза

 

12:00- 13:30

Презентација на наоди од студија Темелни права –сместување во европска рамка

Андреја Стојковски

13:30-15:00

Ручек

 

15:00-16:30

Човековите права и нивната заштита во регионот Европа

Бојан Маричиќ

19:30

Вечера

 

Сабота - 21 февруари

08:30- 9:30

Доручек

 

09:30- 11:00

Човекови права и нивната заштита во Република Македонија

Даница Џонова

11:00-11:30

Кафе пауза

 

11:30-13:00

Слобода на мисла и говор како човеково право

 

Уранија Пировска

13:00-14:15

Ручек

 

14:15

Заминување