
Изјавата на комесарот Хан за неговата посета на Скопје
Комесарот Јоханес Хан, на неговата прва посета на Скопје, како еврокомесар за соседтска политика и проширување, се состана со владините и опозициските политичари, претставници на граѓанското општество и претставници на земјите-членки на ЕУ во земјата.
Во своите разговори со претседателот Иванов, премиерот Никола Груевски, министерот за надворешни работи Попоски и лидерот на СДСМ Заев, изрази сериозна загриженост на ЕУ за актуелната политичка ситуација и ги повика политичките актери да се вклучат во конструктивен дијалог во парламентот, и да се фокусираат на стратешките приоритети и цели на земјата и на сите нејзини граѓани. Сите лидери мора да соработуваат и да имаат добра волја да се надмине сегашниот ќор-сокак кој не е од корист за реформските напори на земјата.
Комесарот Хан повтори дека владеењето на правото, фундаменталните права и слободата на медиуми се срцето на пристапувањето во ЕУ и нема место за преговарање за нив. Тој исто така истакна дека е загрижен за презентираниот надзор кој е вршен врз илјадници граѓани и повика истото да биде истражено. Тој повика истрагата во врска со овој случај да биде во согласност со принципите на непристрасност, пресумпција на невиност, транспарентност и судска независност. Покрај ова тој изрази силна поддршка за слободата на медиумите и правото истите да известуваат во јавен интерес.
Во неговата дискусија со заменик премиерот Бесими, дискусијата била фокусирана на клучните реформи, вклучувајќи го и она за Пристапниот дијалог на високо ниво, во соработка и со асистенција на ЕУ. Тој исто така се сретна и со лидерот на ДУИ Али Ахмети и со претставници од невладиниот сектор.
Европската Комисија е во постојан контакт со надлежните органи во врска со поплавите и штетите кои настанаа од истите и можната поддршка од ЕУ.
Официјалната изјава можете да ја прочитате на следниов линк.
Сите слики од вчерашната посета можете да ги видите на следниов линк.