Читања
100
Писмото кое преставниците на ИПА механизмот го испратија до надлежните органи како реакција на граѓанските организации за пропаднатите грантови шеми во рамки на ИПА

Писмото кое преставниците на ИПА механизмот го испратија до надлежните органи како реакција на граѓанските организации за пропаднатите грантови шеми во рамки на ИПА

До: Министерство за финансии- Сектор за Централно финансирање и склучување договори, Секретаријатот за европски прашања- Влада на Република Македонија и Делегација на Европска Унија во Македонија
Скопје, 19.02.2015
Предмет: Реакција на граѓанските организации за пропаднатите грантови шеми во рамки на ИПА

Како претставници на организации од граѓанското општество изразуваме длабока загриженост и разочараност од поништувањето на два повика од претпристапната помош на ЕУ (ИПА програмата) за доделување на грантови за здруженијата и фондациите за проекти кои би ги спровеле во Македонија. Со пропаѓањето на овие повици неповратно се загубени 630.000 евра од Првата компонента на ИПА програмата (TAIB) на Европската унија за 2010 година наменети за граѓански организации кои работат во сферата на заштита на потрошувачите,1 како и 1.125.000 евра наменети за изградба на одржливо граѓанско општество, повторно во рамките на Првата компонента на ИПА програмата (TAIB) на Европската унија за 2010 година.2 Во услови на ионака ограничени донаторски средства за граѓанскиот сектор во Македонија, ова е сериозен удар врз функционирањето на мноштво здруженија и фондации кои, директно или индиректно, би имале полза од активностите што требаше да се спроведат со овие средства. Нашата загриженост е уште поголема поради тоа што причина за поништувањето, според објавените информации од Секторот за Централно финансирање и склучување на договори (ЦФЦД) при Министерството за финансии на Република Македонија, е административна неажурност, т.е. ненавремено завршување на евалуациската процедура. Овој груб институционален пропуст претставува и назадување на патот на Македонија кон ЕУ, забавена европеизација на општеството и обесмислена рамка за претпристапна помош за Македонија преку децентрализирано управување на средствата.

Целото писмо можете да го прочитате на следниов линк.